Линкови за пристапност

Авганистанските сили наскоро ќе можат да го преземат водството


Планот за пренос на одговорноста врз авганистанските сили е главниот дел на ревидираната авганистанска стратегија на претседателот Барак Обама. Но тоа не може да се случи доколку авганистанската влада и коалицијата можат да регрутираат, обучуваат и одржуваат војници и полицајци со многу повисока стапка отколку досега.

Генералполковникот на американската армија Вилијам Калдвел во среда кажа дека целта да има 282.000 авганистански трупи до времето кога претседателот Обама сака да започне со повлекување на американските сили во средина на 2011 не ќе може да биде остварена доколку напорите не се движат со значително поголема брзина. Но тој рече дека минатата недела е направен важен прв чекор: „Во првите седум дена од овој месец, авганистанското Министерство за одбрана било во состојба да регрутира повеќе луѓе за седум дена отколку во целиот период што се следи. Регистрирале 2.500 регрути за седум дена и таа цифра наводно уште се зголемува.“

Калдвел кажа дека авганистанските претставници велат отиголемиот интерес на регрути се должи на зголемената плата за војска и полиција што коалицијата се надева дека ќе ја отстрани атрактивноста за работа за Талебан. Но тој исто така предупреди на предизвиците што се пред нив, како широкораспространета неписменост, проблеми во одржувањето на етничката мешавина и фактот што се потребни години за развивање на добри лидери.

XS
SM
MD
LG