Линкови за пристапност

Демократите во сенатот постигнале договор за здравствената заштита


Демократите во сенатот велат дека постигнале компромис во врска со осигурителната опција што би ја обезбедила владата во предлогот за здравствена реформа.

Лидерот на мнозинството во сенатот Хари Рид соопшти дека во вторникот навечер е постигната „широка спогодба" во врска со таканаречената јавна опција, што се предлага како начин да се конкурира на приватните осигурителни компании и за покривање на неосигурените Американци.

Група од десет либерални и умерени демократски сенатори интензивно преговараа за јавната опција, со умерените во опозиција. Извори блиски на преговорите велат дека компромисот инволвира замена на владината опција со непрофитен план со кој ќе раководат приватни осигурувачи. Планот ќе биде под надзор на федерална агенција што ја надгледува здравствената осигурителна програма за сите вработени во владата на САД, вклучувајќи ги и законодавците.

Владин план ќе биде понуден доколку приватните планови не се материјализираат.

Сенаторите исто така се согласија да дозволат на неосигурани работници на возраст помеѓу 55 и 64 години да купат осигурување преку федералната здравствена програма за лица кои се на 65 години и постари.

Соопштението од Белата куќа по објавувањето на договорот од вторникот вели дека сенатските законодавци направиле голем прогрес кон конечниот документ.

XS
SM
MD
LG