Линкови за пристапност

Гејтс во посета на трупите во Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ги посети американските команданти во Авганистан, уверувајќи ги дека американскиот претседател Барак Обама ќе им даде се` што треба да го поразат Талебан.

Гејтс во среда направи обиколка на новото седиште на командата што служи како заеднички оперативен центар за сите борбени единици на НАТО. На командантите тој им кажа дека меѓународните сили „полека го склопуваат сето тоа што е потребно за успех" во борбата против насилничките екстремисти во земјата.

Патувањето на Гејтс уследи по одлуката на Обама брзо да испрати дополнителни 30.000 американски трупи во Авганистан и потоа да почне да ги повлекува за 18 месеци додека авганистанските сили преземаат повеќе одговорности.

Но авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во вторникот кажа дека може да минат пет години пред армијата и полицијата да бидат подготвени да се спротивстават на бунтовниците, и 15 до 20 години пред неговата влада да може да плати за сопственото обезбедување.

XS
SM
MD
LG