Линкови за пристапност

Обама:  За нови работни места е потребна двопартиска поддршка


Американскиот претседател Барак Обама ги повикува членовите на двете главни политички партии во земјата, да соработуваат по мерките за креирање на нови работни места, со цел да се намали нивото на невработеност од 10 проценти.

Неговиот коментар уследи по средбата во Белата куќа со конгресни лидери и од Демократската и од Републиканската партија.

Обама истакна дека на средбата било разговарано за плановите да се понудат даночни отстапки за поттик на малите бизниси и отварање на нови работни места. Планот е дел од серијата предлози кои претседателот ги претстави во вторникот, а кои повикуваат на обезбедување на поголеми средства за проекти на патиштата и најразлични мрежи, придонесувајќи за изградба на еколошки подобни домови.

Исто така во среда, американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер испрати писмо до конгресните лидери со кое ги информира дека администрацијата на Обама ќе го продолжи владиниот стимулативен пакет помош, вреден 700 милијарди долари, до наредниот октомври.

XS
SM
MD
LG