Линкови за пристапност

Непоканетиот брачен пар во Белата куќа ќе се повика на 5-от амандман


Брачниот пар кој минатиот месец непоканет присуствуваше на официјална вечера во Белата куќа, вели дека доколку биде приморан да сведочи пред конгресна комисија, ќе се повика на 5-от амандман од Уставот на САД.

Адвокатите на Микел и Тарек Салахи издадоа соопштение за намерите на нивните клиенти, велејќи дека брачниот пар ќе одбие да одговори прашања доколку биде повикан на распит во Конгресот.

Комисијата за домашна безбедност при Претставничкиот дом во среда се очекува да гласа по прашањето за издавање судски покани за Салахи.

Во писмо до раководните лица во Комисијата, адвокатот на Салахи наведува дека коментарите на членовите на панел-групата за време на минатонеделниот распит, индицирале дека законодавците извлекле „преуранети заклучоци по прашањето“.

XS
SM
MD
LG