Линкови за пристапност

Македонија, засега, без датум за преговори со ЕУ


Советот на министрите на ЕУ на своето заседание во Брисел не одреди датум за Македонија за почеток на преговори.

Комесарот за проширување во ЕУ Оли Рен вторникот изјави дека Советот констатирал дека Комисијата препорачала започнување на претпристапни преговори со Република Македонија и дека ќе го разгледа тоа прашање за време на следното, шпанско претседателство со Унијата, почнувајќи од 1-ви јануари 2010-та.

Во заклучокот на Советот на министрите на ЕУ, како што јавуваат медиумите во Македонија, повикувајќи се на извори во Советот, се наведува дека препораката на ЕК за почеток на преговори со Македонија ке биде повторно разгледана во текот на наредните шест месеци, кога со ЕУ ќе претседава Шпанија.

Советот на министрите во заклучоците кои се` уште не се официјално објавени го поздравува напредокот на Македонија што е контатиран и во извештајот на Европската комисија. Сепак, во докуметот, како што јавуваат медиумите во Македонија, Советот на минстрите во наредиот период очекува напредок во решавањето на спорот со Грција, подобрување на добрососедските односи како и понаташно продлабочување на резултатите во борбата протв корупцијата и реформите насочени кон обезбедување на независноста на судскиот систем.

XS
SM
MD
LG