Линкови за пристапност

Карзаи смета дека ќе требаат 20 години за Авганистан да може да го одржува обезбедувањето


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вели дека ќе бидат потребни 20 години пред неговата влада да може да плати за безбедносни сили, доволно силни да се справат со заканата од насилство.

За време на прес-конференцијата со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој се наоѓа во ненајавена посета на Кабул, Карзаи ја повтори заложбата дека авганистанските сили во наредните пет години ќе можат да ја преземат контролата во обезбедување на земјата. Гејтс рече дека се надева оти тоа ќе се случи и порано.

Целта на посетата на американскиот секретар за одбрана на Авганистан, е да изврши притисок врз локалните лидери за зголемување на бројноста и капацитетот на безбедносните сили. Посетата доаѓа по одлуката на претседателот Обама брзо да бидат испратени дополнителни 30.000 американски војници во Авганистан. Планот е по 18 месеци тие да почнат да се повлекуваат, а авганистанските сили да преземат поголема одговорност. Гејтс додаде дека процесот на повлекување на американските трупи може да трае и неколку години.

XS
SM
MD
LG