Линкови за пристапност

Обама ќе претстави нови идеи за креирање работни места


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе претстави идеи за креирање на нови работни места во рамки на планот за вработување на милиони Американци кои останале без работа.

Во говор во Вашингтон, Обама се очекува да се фокусира на новите програми што ќе обезбедат надомест за потрошувачите кои вложиле во подобрување на домовите за да штедат енергија, како и на поттици за малите бизниси.

Обама ќе зборува во Институцијата Брукингс. Неговото обраќање следи по неодамнешната турнеја низ неколку градови во САД, чија цел беше да ги сослуша идеите за подобрување на економијата.

Минатиот петок владата објави извештај според кој нивото на невработеност во САД малку се намалило, но и натаму останува 10 проценти.

Во понеделникот, директорот на Федералните резерви, Бен Бернанке истакна дека додека економијата бележи знаци на опоравување, многу семејства и бизниси и натаму се соочуваат со „интензивен“ економски стрес.

Бернанке подвлече и дека понудата на работни места и кредити не е на завидно ниво и оти невработеноста ќе остане висока уште некое време.

XS
SM
MD
LG