Линкови за пристапност

Обама предлага намалување на даноците и други мерки за поттикнување на вработувањето


Една идеја е да се намалат даноците за малите бизниси, како и да се намалат давачките за владините заеми за компаниите.

Претседателот рече дека малите бизниси создале 65 проценти од новите работни места во изминатите години. Но рецесијата го забави вработувањето и создаде тешкотии малите бизниси да обезбедат финансирање за опрема и отворање работни места.

Во говорот во Вашингтон, Обама предложи даночни олеснувања за потрошувачите кои ќе вложат во нивните домови согласно стандардите за поголема заштеда на енергија. Тој претстави планови за отворање повеќе работа во реконструкција на патиштата, телекомуникациските мрежи, проектите за чиста енергија и други инфраструктурни планови. Овие идеи имаат цел да го интензивираат најмувањето на работниците од најтешко погодениот сектор на градежништвото.

Обама рече дека дел од плановите ќе се финансираат од пакетот од 700 милијарди долари што првично беше издвоен за помош на банките и стабилизирање на економијата од најтешката криза.

Од програмата, наречена „ТАРП“ останаа 200 милијарди долари и владата размислува како најдобро да ги употреби. Опозиционите републиканци бараат со нив да се покрие дел од големиот американски буџетски дефицит.

XS
SM
MD
LG