Ирачката полиција соопшти дека во серија бомбашки напади во Багдад, загинале најмалку 112, а повредени се околу 200 лица.
Трите напади со автомобили бомби биле изведени на неколку минути еден од друг. Една од бомбите била активирана во преполн пазар во централен Багдад, додека другите биле детонирани во близина на Министерството за внатрешни работи во источен Багдад и Министерството за труд.
Претходно, во самоубиствен бомбашки напад врз полициска патрола во јужен Багдад, загинале најмалку тројца полицајци и еден цивил. Пет други лица биле повредени.
Нападите од
вторникот важат за најкатастрофални во ирачкиот гравен град од минатиот октомври наваму, кога
во двојни напади со автомобили бомби, овојпат пред општински згради, загинаа
најмалку 155 лица.