Линкови за пристапност

Газираните пијалоци го зголемуваат ризикот од дијабетис кај бремени жени


Во САД, безалкохолните газирани пијалоци содржат околу 20 проценти од калориите што луѓето секојдневно ги конзумираат. Истражувањето покажа дека во просек, најголем дел од калориите доаѓаат од засладените безалкохолни пијалоци.

Истражувачот Ливеј Чен од државниот универзитетот во Луизијана, вели дека најголем проблем е шеќерот, затоа што допринесува за гојазноста, како и за состојби опасни по животот, како дијабетисот или кардиоваскуларните заболувања.

Чен се сомнева дека жените кои редовно конзумираат засладени безалкохолни пијалоци го зголемуваат ризикот за заболување од дијабетис за време на бременост:

„Овој вид на дијабетис се јавува во специјални услови за жените кои немаат дијагноза на дијабетис од типот два пред бременоста, но во бременоста не толерираат ликоза“, вели таа.

Неможноста за нормално процесирање на шеќерот не е проблем само за идните мајки. Тоа создава проблеми и за бебето. Тоа е една од најважните причини за компликации пред и за време на породувањето.

Чен направила истражување на 13.000 жени. Жените биле прашани што јадат и што пијат. Откако жените забремениле, истражувачите го следеле нивното здравје уште 10 години.

„Жените кои редовно пиеле засладени безалкохолни пијалоци имаат зголемен ризик од добивање дијабетис за време на бременост во споредба со жените кои конзумираат мало количество од таквите пијалоци“, вели Чен.

Жените кои се водат како големи конзументи на засладени безалкохолни пијалоци пијат по пет неделно – помалку од еден ваков пијалок дневно. Нивото на конзумирање е всушност под просекот во САД и во многу други држави. Но, жените кои конзумираат дури и толкаво количество шеќер пред да забременет, се ставаат себе си и бебето во ризичка катерорија за време на бременоста:

„Тие жени се здрави пред бременоста, но развиваат дијабетис за време на временоста“, објаснува Чен.

Чен вели дека многу фактори влијаат врз здравјето на кои луѓето не може да влијаат, како што е наследената опасност од заболување од дијабетис, но со исхраната, вели таа, жените можат да направат промени што ќе им помогнат да останат здрави за време на бременоста.

XS
SM
MD
LG