Британскиот милијардер Ричард Бренсон во понеделникот промовираше летало за туристички патувања во вселената што би започнале уште во 2011 година.
Потенцијалните туристи имаа можност да го видат долгоочекуваното летало Спејсшип-2 на промоцијата во Калифорнија. Компанијата на Бренсон, Вирџин галактик, за неговата изработка соработуваше со воздухопловниот дизајнер Барт Рутан, врз основа на претходниот негов проект - Спејсшип-1. Во 2004-та година, тоа беше летало првото приватно лансирано во вселената.
Бренсон се надева дека новото летало ќе означи почеток на комерцијалната ера на патување во вселената. Неговата компанија најави дека ќе почне со летовите во 2011-та година, а за билетот оставиле депозит или веќе платиле по 200.000 долари преку 300 клиенти. Милијардерот најави дека тој со семејството и со Рутан ќе бидат патниците на првиот лет.