Американскиот Сенат во понеделникот ја продолжи дебатата за реформи во здравството со несогласувања меѓу демократите по прашањето за абортус.
Законодавците против абортусот и од Републиканскта и од Демокатската партија се против користење пари на американски даночни обврзници за трошоци на абортуси во рамки на програми спонзорирани од владата.
Меѓутоа, некои либерални сенатори велат дека амандманот предложен од демократот од Небраска, Бен Нелсон, оди предалеку. Со него на федералните програми за здравствено осигурување им забранува да покриваат абортус, дури и ако за процедурата плаќаат пациенти со својата премија на здравствено осигурување.
Сенаторите неделава треба да гласаат по амандманот на Нелсон.
Дебатата се вжештува, а демократските лидери и натаму се обидуваат да обезбедат 60 гласови потребни за донесување на легислативата за реформи во американскиот систем за здравство. И Белата куќа и демократите во Конгресот сакаат легислативата да мине пред крајот на годината.