Линкови за пристапност

Нема врска меѓу рак на мозокот и мобилните телефони


Иако неколку студии до сега сугерираа дека не постои ризик за добивање рак на мозокот од употреба на мобилни телефони, стравувањата останаа.

Изабел Делтур од Данската асоцијација за борба против ракот, вели дека никој со сигурност не знае што ги предизвикува различните форми на тумор на мозокот, како глиомата и менингиомата, но сепак посочи дека болестите постоеле и пред појавата на мобилните телефони.

Делтур работела со меѓународна група научници од сите четири скандинавски земји. За Норвешка, Шведска, Финска и Данска постои датотека за болеста уште од `50-те години. Најразлични организации ја регистрирале појавата на сите форми на ракот во овие земји, а Делтур и нејзините колеги ги анализирале податоците од 1974 до 2003 година.

„Гледавме каква била ситуацијата со ракот пред на пазарот да се појават мобилинте телефони, за да ја споредиме со ситуацијата по нивната појава“, вели таа.

Делтур вели дека за период од 30 години, општо земено имало незначително зголемување на степенот на ризикот од тумот на мозокот, но немало промена во трендот по широката употреба на мобилните телефони во раните `90 години.

Овој експерт вели дека цифрите ја убедиле, зашто да се открие дека има мало влијание на мобилните телефони врз ризикот за добивање рак, било потребно да се проучи огромната количина на податоци, најголема досега по ова прашање.

Студијата на Делтур е објавена во Журналот на Националниот институт за борба против ракот.

XS
SM
MD
LG