Линкови за пристапност

Востановен национален празник за сеќавање на Перл Харбор


Претседателот Барак Обама ги повика сите Американци да го одбележат денот на сеќавање, на 68-та годишнина од јапонскиот воен напад врз американската морнаричка база во Перл Харбор, на Хаваи.

Обама го прогласи 7-ми декември за „Национален ден на сеќавање на Перл Харбор“. Тој од американските федерални агенции и американски државјани побара да го спуштат знамето на половина копје, во чест на загинатите во Перл Харбор.

Јапонските бомбардери нападот го изведоа на 7-ми декември, 1941-ва година, нешто пред 8 часот наутро по локално време, при што загинаа преку 2.400 Американци, потонаа пет воени бродови, и САД беа вовлечени во Втората светска војна.

Илјадници ветерани од Втората светска војна и други лица денеска се очекува да учествуваат на церемонија во близина на местото каде потонал Ју-Ес-Ес Аризона, еден од американските воени бродови, при што загинаа преку 1.100 морнари.

XS
SM
MD
LG