Линкови за пристапност

Иранската полиција се судри со демонстрантите


Иранската полиција се судри со демонстрантите во Техеран, додека опозиционите поддржувачи се собраа на анти-владини протести одбележувајќи го иранскиот Национален ден на студентите.

Очевидците велат дека стотици полицајци употребиле водени топови и солзавец за растерување на демонстрантите во централен Техеран. Полицијата ги блокираше и улиците кои водат до Универзитетот Техран, каде собири одржуваат про-реформски студенти.

Националниот ден на студентите се одбележува во чест на тројца ирански студенти, кои биле убиени за време на анти-американските протести во 1953 година.

Реформистичките опозициони активисти се очекува настанот, кој доби зелено светло од владата, да го претворат во протест против владата на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Од неделата, интернет и услугите на мобилната телефонија се прекинати или попречени во областите каде се очекуваат демонстрации.

Иранската влада воедно им забрани на странските новинари да ги покриваат настаните.

XS
SM
MD
LG