Линкови за пристапност

Петмина уметници почестени од Кенеди центарот


Американски уметници и политичари во неделата се собраа во чест на петмина уметници од земјата на прием во Белата куќа, по што уследи доделувањето на наградите на Кенеди центарот.

Почестени беа актерот Роберт Де Ниро, режисерот на комедии Мел Брукс, џез музичарот Дејв Брубек, оперската пејачка Грејс Бамбри и рок пејачот Брус Спрингстин.

Претседателот Барак Обама кажа дека станал љубител на џезот на млади години, откако како дете бил на концерт на Дејв Брубек со неговиот татко.

На церемонијата на доделување на наградите, Арета Френклин потсети на значајни моменти од кариерата на Бамбри, меѓу кои и легендарната изведба на Вагнеровата „Танхаусер" во германски Бејрут. Многу од љубителите на операта првично биле лути што црна пејачка го изведува делото, но потоа Бамбри добила 30 минутен аплаус и 42 пати била повикана назад на бината откако била спуштена завесата.

XS
SM
MD
LG