Најголемата корпорација во САД за кабловски услуги, Комкаст, соопшти дека планира да откупи голем дел од медиумската куќа Ен-Би-Си Јуниверзал за 13,75 милијарди долари.
Иако договорот би значел дека филмовите можат многу побрзо да стигнат до кабловската мрежа, а тв-емисиите побрзо да стигнат до мобилните телефони и другите електронски направи, веќе е присутна критика дека дека Комкаст би поседувал преголеми овластувања во индустријата за забава и дека ова може да резултира во зголемување месечната телевизиска претплата.