Претседателот Обама, првата дама Мишел и ќерките Саша и Малија свечено ги запалија светилките на Националната божиќна елка.
На церемонијата во близина на Белата куќа присуствуваа илјадници. Елката годинава е висока 12 метри, а традицијата датира од 1923-та година, кога претседател беше Калвин Колиџ.
На настанот претседателот Обама ги поздрави мажите и жените во армијата кои празниците ги минуваат далеку од своите семејства. Тој на насобраните им порача и да се сетат на лицата кои загубиле работноместо, дом или некој сакан.