Линкови за пристапност

Полански започна со куќниот притвор во Швајцарија


Швајцарските власти соопштија дека оскаровецот Роман Полански е ослободен со кауција и се наоѓа во куќен притвор.

76-годишниот режисер се наоѓа во куќен притвор во неговата луксузна вила на 1800 метри надморска височина во алпското одмаралиште во ски-ценатрот Гштад.

Швајцарските власти минатата недела одлучија ќе му дозволат дабиде ослободен со кауција, кој, пак е баран во САД заради обвинение дека имал секс со 13-годишно девојче во 1977-ма.

Официјални лица потврдија дека Полански платил кауција од 4,5 милиони долари и во куќата каде ќе живее има инсталирано систем за набљудување пред неговото пуштање во затвор.

Американското обвинителство побара од Швајцарија да го екстрадира Полански по обвиненијата за силување кои датираат од пред три децении. Тој побегна од Лос Анѓелес пред изрекувањето на пресудата во 1978-ма и оттогаш се водеше како бегалец се` до неговото апсење во Цирих во септември.

XS
SM
MD
LG