Линкови за пристапност

Стапката на невработеност опаѓа во САД


Невработеноста во САД се намалила во ноември, со најмалку загубени работни места во американската економија од 2007.

Внимателно следениот извештај од Одделот за труд од петокот покажа дека стапката на невработеност се намалила за две десетини од еден процент одлепувајќи се од цифрата што беше најголема невработеност за последните 26 години. Сега стапката на невработеност е 10 проценти.

Американската економија изгубила 11.000 работни места повеќе отколку што креирала, но тоа сепак е големо подобрување во однос на претходниот месец, што виде загуба од 111.000 работни места.

Американскиот претседател Барак Обама подоцна денес ќе патува за североисточниот американски град Алентаун во Пенсилванија за да изврши притисок за својата економска агенда.

Обама заминува за овој индустриски град откако беше домаќин на околу 130 сопственици на бизниси и директори, работнички лидери и економисти на „самит за работни места" во Вашингтон. Претседателот ги поттикна учесниците да му помогнат да креира иницијативи за повторно вработување на милиони Американци што останале без работа.

Обама се очекува да има голем говор за економијата во вторник, во Вашингтон.

На одвоен форум за невработеноста во четвртокот, републиканците тврдеа дека економските програми на Обама не се ефикасни. Тие го поттикнаа да го промени курсот.

XS
SM
MD
LG