Линкови за пристапност

Црна Гора на добар пат за членство во НАТО; Босна ќе почека


Алијансата и официјално ја вклучи Црна Гора во Акциониот план за членство, 10 години откако НАТО ја бомбардираше оваа држава на Јадранското море. 28-те земји-членки на НАТО ја пофалија Црна Гора за досега спроведените реформи.

Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, изјави дека Босна и Херцеговина мора да спроведе дополнителни реформи пред да започне со програмата. Расмусен рече дека земјата има постигнато напредок. Тој додаде дека определба на НАТО е да и` помогне на земјата еден ден да стане полноправна членка.

XS
SM
MD
LG