Линкови за пристапност

Клинтон ја поздрави веста за нови трупи на НАТО во Авганистан


САД ги поздравија определбите на повеќе држави да испратат дополнителни војници во Авганистан.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека НАТО и меѓународните сили на ИСАФ изразиле поддршка за стратегијата на претседателот Барак Обама за војната во Авганистан.

Клинтон зборуваше со новинарите на завршниот ден од средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.

Претходно во петокот, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен најави дека најмалку 25 држави ќе испратат околу 7.000 дополнителни сили во Авганистан следната година.

XS
SM
MD
LG