Линкови за пристапност

Јужна Африка – Мексико, прв меч на Светското првенство


На отварањето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка ќе играат домаќинот со Мексико на 11-ти јуни во Јоханесбург.

На церемонијата на извлекување со ждребка на селекциите по групи присуствуваа оскаровката Шерлиз Терон, која е родена во Јужна Африка и англиската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам.

Јужна Африка е во група со Мексико, Уругвај и Франција.

Во групата Б се наоѓаат Аргентина, Нигерија, Јужна Кореја и Грција.

САД играат во групата Ц со Англија, Алжир и Словенија.

Актуелниот првак Италија е во групата Ф со Парагвај, Нов Зеланд и Словачка.

Во групата Г се наоѓа петкратниот светски шампион Бразил, Португалија, Северна Кореја и Брегот на слоновата коска.

Од другите, во групата Д се наоѓаат Германија, Австралија, Србија и Гана. Во групата Е се наоѓаат Холандија, Данска, Јапонија и Камерун. Во групата Х се наоѓаат Шпанија, Швајцарија, Хондурас и Чиле.

XS
SM
MD
LG