Линкови за пристапност

НАТО сојузниците ветија 7.000 нови трупи за Авганистан


Највисокиот претставник на НАТО вели дека најмалку 25 држави следната година ќе испратат околу 7.000 дополнителни сили во Авганистан.

Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен ова го соопшти во петок по средбата со Државната секретарка на САД Хилари Клинтон, на вториот ден на министерската средба на НАТО во Брисел.

Тој рече дека дополнителните трупи ќе имаат „силно влијание на теренот".

Клинтон во петок се сретна со министрите и генералниот секретар за да ги брифира за обновената воена стратегија на американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател вети, порано неделава, распоредување на уште 30.000 војници во Авганистан.

Триесетте илјади дополнителни американски сили ќе го зголемат присуството на американските трупи во земјата на околу 100.000. Во моментов има околу 39.000 неамерикански трупи што служат таму под командата на НАТО.

Дипломатите кажаа дека Вашингтон побарал од сојузниците во НАТО да додадат уште 10.000 трупи.

XS
SM
MD
LG