Линкови за пристапност

Во петок е извлекување за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка


Златниот пехар во четврток пристигна во Кејптаун и извршниот комитет на фудбалската федерација – ФИФА се среќава на историскиот Робен Ајланд, каде треба да се изврши ждребката за Светкото првенство во 2010-та.

Првиот човек на локалниот организациски комитет Дени Џордан вели дека извлекувањето ќе им овозможи на организаторите да ги направат конечните подготовки за транспорт на 32-те селекции и околу 450.000 фудбалски обожаватели, колку се очекува да присуствуваат во Јужна Африка.

„Ова е вистински почеток на Светското првенство. Се работи за групите и кој со кого ќе игра. Така сите ќе може да пристапат кон утврдување на деталните планови“, вели Џордан.

Имињата на 32 селекции се наоѓаат во една од четирите групи. Секој тим по случаен избор ќе игра против друг во осум групи.

Домаќинот Јужна Африка е носител на група заедно со селекциите кои се пласирани до седмото место според рангирањето од ФИФА. Меѓу нив се Бразил, Шпанија, Италија, Англија, Германија, Холандија и Аргентина.

Тоа значи дека Јужна Африка нема да игра со ниту една од набројаните селекции во првото коло.

Во втората група се наоѓаат Азија, Океанија, Северна и Централна Америка. Мексико и САД се меѓу повисоко рангираните во оваа група во која уште се наоѓаат Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Северна Кореја, Нов Зеланд и Хондурас.

Во третата група се наоѓаат тимови од Африка и Јужна Америка. Најдобро пласирани се Брегот на слоновата коска и Чиле. На нив ќе им се придружат Алжир, Камерон, Гана, Нигерија, Парагвај и Уругвај.

Во четвртата група се наоѓаат европските селекции. Франција и Португалија се фаворити. Меѓу останатите селекции се вбројуваат Данска, Грција, Србија, Словачка, Словенија и Швајцарија.

Франција минатиот месец се квалификуваше на Светското првенство по победата над Ирска откако напаѓачот Тјери Анри играше со рака, но судијата не виде. Тоа водеше кон повици за зголемување на бројот на судии за време на натпревари и евентуално користење на видео-риплеј за време на важни натпревари.

Шефот на ФИФА Сеп Блатнер ја призна контроверзата, но рече дека е премногу доцна да се направат промени за претстојното Светско првенство.

„За време на натпреварот имаме само еден судија и двајца помошници. Тоа ќе важи за 2010-та. Тоа е конечно и нема повеќе да се дискутира. Подоцна ќе видиме како функционира“, рече Блатнер.

Организаторот – Јужна Африка, потроши неколку милијарди долари за подобрување на стадионите, аеродромите, патиштата и безбедносните служби при подготовката на Светското првенство во 2010-та.

Премиерот на провинцијата Вестерн Кејп, Хелен Зиле, изрази надеж дека инвестицијата ќе се исплати:

„Направивме голе исчекор како како држава и се надеваме дека ќе ни се врати како инвестиција во областа на туризмот. Се работи за пресметана инвестиција, и мислам дека луѓето мудро ќе постапат ако дојдат да видат што е направено“.

Официјални лица велат дека работата на 10-те стадиони на кои ќе играат натпреварите е 95 проценти е завршена.

ФИФА соопшти дека обезбедила повеќе од 55.000 соби, кои ги побарала за турнирот.

Една четвртина од вкупно три милиони билети веќе се продадени. Тие очекуваат нагло зголемување на нивната цена следната недела, откако навивачите ќе дознаат кога и каде ќе играат омилените селекции.

XS
SM
MD
LG