Линкови за пристапност

Светската здравствена организација негира конфликт во производство на вакцина


Светската здравствена организација негира дека е во судир со фармацевтската индустрија. Неодамнешни медиумски извештаи покренаа загриженост дека врските меѓу стручњаци на организација и компаниите за лекови може да влијаат на политичките одлуки, особено на оние кои се однесуваат на пандемијата со грип Ха1Ен1.

Специјалниот советник на генералниот директор на Организацијата за пандемски грип, Кеиџи Фукуда, вели дека потенцијален конфликт на интереси е возможен во секој однос меѓу агенција за развој на здравството, како што е Светската здравствена организација, и индустрија раководена од профит каква што е фармацевтската индустрија.

Но тој додава дека агенцијата има процедури за идентификување и истрага на потенцијални конфликти на интереси. Тој вели дека надворешни стручњаци се изземени од учество на состаноци доколку нивната непристрастност е доведена во прашање.

Тој кажа дека Светската здравствена организација историски соработувала со фармацевтската организација за легитимни цели. Тој рече дека соработката ќе продолжи и дека фармацевтските компании имаат уникатна и клучна улога во процесот на производство на вакцини.

Фукуда рече: „Најголем дел од вакцините што ги има во светот не се направени од владите или од јавниот сектор, туку од компании во приватниот сектор. Овие компании се лоцирани во развиени и во земји во развој. Ова е, исто така, групата што навистина има уникатна експертиза и познавање на вакцините и на производството на вакцини и за јавноста е важно тоа знаење да се искористи максимално."

Последните цифри од Светската здравствена организација покажуваат дека повеќе од 7.800 луѓе умреле од Ха1Ен1 оваа година. Бројот на лабораториски потврдени случаи е поголем од 600.000.

Фукуда вели дека 150 милиони дози на вакцината Ха1Ен1 се дистрибуирани во 40 држави. Тој вели дека до сега не се појавиле никакви непредвидени проблеми.

XS
SM
MD
LG