Претседателот Барак Обама денеска во Белата куќа е домаќин на самит фокусиран на креирање на работни места, за речиси 16 милиони невработени Американци.
Владата на форумот покани преку 100 извршни директори од приватниот сектор, бизнисмени, претставници на работничките синдикати и економисти, со цел да се разговара за намалување на невработеноста во САД од 10.2 процента - највисоко ниво од 1983 наваму.
Учесниците на самитот се очекува да дискутираат и за тоа како да им се помогне на малите бизниси да најдат средства за проширување на дејноста и како да се поттикне извозот.