Линкови за пристапност

Бијонсе, Тејлор Свифт и Лејди Гага со најмногу номинации за Греми


Две од најпопуларните музички ѕвезди, поп дивата Бијонсе и кантри-ѕвездата Тејлор Свифт, водат со номинации за претстојните награди Греми.

Бијонсе е номинирана за 10 Греми за време на телевизиското шоу од Лос Анѓелес, Калифорнија, додека Свифт има осум номинации.

Тие ќе се натпреваруваат меѓусебе во три категории – за најдобар албум, песна и снимка на годината.

Исто така номинарана во тие клучни категории беше поп пејачката Лејди Гага, со вкупно пет освоени номинации, додека Блек Ајд Пиз добија шест.

Ритам и блуз пејачот Максвел и раперот Канја Вест заработија по шест номинации.

Британското рок-дуо Тинг Тингс беа номинирани за најдобар нов уметник заедно со катри групата Зак Браун Бенд, пејачот Кери Хилсон и рок групите Силверсан Пикапс и МГМТ.

Победниците ќе бидат објавени на 31-ви јануари на 52-рото доделување на наградите Греми, што ќе се одржи во центарот Степлс во Лос Анѓелес.

XS
SM
MD
LG