Линкови за пристапност

Експлозија во хотел во Могадишу уби тројца владини министри


Самоубиствен бомбашки напад во хотел во главниот град на Сомалија уби најмалку 60 лица, меѓу кои и тројца владини министри.

Сведоци велат дека напаѓачот се разнел себе си за време на дипломска церемонија на универзитет во хотелот Шамо, во четврток.

Многумина од убиените се наводно студенти кои чекале да ги примат дипломите. Официјални лица велат дека Министерот за здравство, Министерот за образованоие и Министерот за високо образование се меѓу убиените. Министерот за млади и спорт е повреден во нападот.

Сомалија минува низ 18 години на хаос и конфликт по последната стабилна централна влада во 1991.Сегашната влада на претседателот Шеик Шариф Ахмед контролира нешто повеќе од неколку улици во главниот град.

XS
SM
MD
LG