Линкови за пристапност

На Бернанке му претстои тежок распит во сенатот


Претседавачот на американските федерални резерви Бен Бернанке може да се соочи со тешки прашања за време на сенатски распит во четврток, кога ќе се расправа за негово потврдување за втор мандат.

Економистите кои беа интервјуирани од новинските организации велат дека првиот човек на американската централна банка речиси сигурно е дека ќе биде потврден на функцијата за уште четири години.

Но, многу експерти велат дека Бернанке се соочува со критика за помагање на некои од најпрофитабилните компании со пари од даночните обврзници во време кога милиони Американци се невработени или ги губат домовите поради неможност да ги отплаќаат ратите. Бернанке тврди дека акцијата била потребна со цел да се спречи влошување на рецесијата.

Критичарите велат минало многу долго време пред тој да ја препознае финансиската криза што била во создавање.

XS
SM
MD
LG