Линкови за пристапност

Во САД помалку отпуштања од работа


Во два извештаја на бизнис-групи се наведува дека е забележано намалување на загубата на работни места.

Компанијата „АДП“, која ја процесира исплатата на милиони американски работници, проценува дека компаниите од приватниот сектор во ноември елиминирале 169.000 работни места. Бројката во ноември е помала споредено со претходниот месец и значително помала од времето на врвот на финансиската криза.

Во одвоен извештај, изработен од компанија која се занимава со пласирање на работници во фирми, „Челинџер, Греј и Кристмас“, се вели дека бројот на загубени работни места, веќе четврти месец по ред е во опаѓање.

Повеќето економисти предвидуваат дека невработеноста во САД ќе остане на високо ниво и во првата половина од 2010 година пред да почне да се движи надолу кон крајот на годината.

XS
SM
MD
LG