Линкови за пристапност

Американски владини претставници бараат поддршка  за новата стратегија


Виши американски владини претставници велат дека новата стратегија на претседателот Обама за Авганистан за испраќање на дополнителни 30.000 војници, е најдобриот начин да се одвратат нападите на Талебан.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон на распитот пред сенатската Комисија за оружени служби истакна дека во рамки на тешкиот избор што треба да се направи, новиот план е најдобриот начин да се заштитат САД и нивните сојузници од идни напади на екстремисти.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на распитот подвлече дека неуспехот на меѓународните воени напори во Авганистан, ќе значи дека Талебан ќе ја „преземе“ контролата врз поголемиот дел од земјата, со потенцијал таа повторно да стане засолниште за ал-Каида во областите под водство на Талебан.

Началникот на Здружениот генералштаб, адмиралот Мајкл Мулен, на сослушувањето во сенатот рече дека одлуката на претседателот на командантите на теренот им ги нуди потребните ресурси за да се справат со Талебан. Тој сепак подвлече дека најголемата грижа за него не претставува бројот на војниците. Мулен смета дека воените напори мора да бидат проследени со добро владеење.

Државната секретарка Клинтон истакна дека ветувањето на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за справување со корупцијата и подобрување на начините на владеење сега мора да се спроведе во дело. Таа додаде дека авганистанскиот народ, САД и меѓународната заедница мора на одговорност да ја земат авганистанската влада за да ги исполни овие одредби.

XS
SM
MD
LG