Линкови за пристапност

Шефот на НАТО ветува дополнителни 5.000 војници од сојузниците за Авганистан


Шефот на НАТО во среда во Брисел кажа дека сите членки на НАТО мора да сторат повеќе во борбата против Талебан и ал-Каида доколку сакаат Авганистан навистина да го направат стабилен.

Расмусен вети дека НАТО и неговите сојузници ќе работат на транзиција на нивната улога при што авганистанскиот народ ќе ја преземе контролата во обезбедувањето на нивната држава. Но тој кажа дека зборот „транзиција“ не е шифра за „излезна стратегија“.

Во меѓувреме, Талебан кажа дека повеќе меѓународни трупи само ќе го зајакнат нивниот отпор.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека одлуката на Обама за испраќање дополнителни 30.000 трупи е „многу тешка, но неопходна стратегија“.

Генералот Стенли МекКристол, командант на американските и НАТО силите во Авганистан, кажа дека јасноста, определбата и решителноста изразени во обраќањето на претседателот се критични за елиминирање на терористичките засолништа што се закана на регионалната и глобалната безбедност.

Францускиот претседател Николас Саркози кажа дека „целосно ја поддржува“ новата стратегија на Обама. Тој соопштението го нарече „храбро“ и кажа дека дава „нов полет“ на меѓународниот ангажман во Авганистан.

Реакцијата на Саркози ја остави отворена можноста за испраќање на дополнителни француски трупи во Авганистан, потег што францускиот министер за одбрана порано неделава рече дека „не е многу веројатен“.

Полската влада во среда ја објави својата намера да испрати дополнителни 600 војници за мисијата предводена од НАТО. Во мемонтов има 200 полски војници кои служат во Авганистан.

Од канцеларијата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дојде соопштение дека тој и Обама во вторник разговарале околу еден час за стратегијата.

XS
SM
MD
LG