Линкови за пристапност

Светски реакции за новата американска стратегија


Авганистански пратеник го оспори тајмингот на објавувањето на новата американската стратегија во Авганистан од страна на претседателот Барак Обама.

Парламентарецот Дауд Султанзои вели дека е изненаден што Обама ја претставува новата стратегија пред да почне новиот мандат на владата на претседателот Хамид Карзаи. Карзаи положи заклетва за вториот мандат во ноември.

Султанзои рече дека ќе биде тешко САД да сметаат на одговорноста на новата авганистанска влада кога таа технички не постои. Неговите оценки доаѓаат спроти вечерашното претставување на новата стратегија на САД во Авганистан од страна на претседателот Обама.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Махмуд Куреши рече дека САД треба да останат во соседен Авганистан најмалку уште пет години. Тој рече дека САД не треба да се повлечат се додека не ја завршат мисијата во земјата.

Висок претставник на ОН во Авганистан ги повика коалиционите сили да разгледаат „транзициска стратегија“ наместо „излезна стратегија“.

Специјалниот пратеник Каи Ејде вели дека ваквиот пристап ќе им овозможи на авганистанските власти постепено да преземат повеќе одговорности. Ејде додаде дека претседателот Обама можеби размислува на иста линија.

XS
SM
MD
LG