Уредникот на медицинскиот журнал Здравствени прашања Сузан Дензлер, вели дека ХИВ вирусот и самата болест останува голема, глобална грижа:
„Повеќе од четири милиони луѓе во светот се живи и повеќе или помалку во добра здравствена состојба поради анти-ретровиралната терапија на лекување. Ваква терапија им е потребна на околу седум милиони луѓе во светот. Освен тоа, дополнителни 2,7 милиони луѓе се инфицираат со вирусот секоја година.“, вели Дензлер.
Журналот во најновиот број има написи за битката против оваа болест.
Во текст посветен на финансирањето на борбата против сидата, Роберт Хект вели дека не функционираат доволно актуелните механизми за финансирање. Хект е директор на Институтот за развојни резултати, непрофитна организација од Вашингтон, што се занимава со студирање на врската меѓу економијата и здравството, меѓу другите прашања:
„Треба да излеземе од сегашниот начин на делување како да се работи за вонредна ситуација. Треба да почнеме да размислуваме долгорочно – што е тоа што треба да го направиме денес за да го промениме курсот на сидата.“
Со постратешки пристап, Хект вели дека може да се постигне напредок против сидата, но не и конечна победа.
Но, дури и без конечна победа, истражувачот за сидата доктор Ентони Фаучи, вели дека резултатите се значајни:
„Напредокот во истражувањата од почетокот во 1981-ва до 2009-та е голем, затоа што сега имаме нова ситуација со енормни можности и големи ресурси за истражувањето“, вели Фаучи.
Фаучи, кој е на чело со американскиот Национален институт за алергија и инфективни заболувања, вели дека напредокот во истражувањата ја сменил перспективата за многу млади пациенти.
Во како што кажа, „најмрачните години од неговата лекарска кариера“ во 80-тите и почетокот на 90-тите, Фаучи вели дека пациент заболен од сида со пневмонија преживувал само шест месеци откако ќе биде дијагностициран. Денес, вели тој, ако имате таков пациент на 20 годишна возраст, има шанси да надмине 69 години на живот.
Но вистинска цел е вакцината, иако успехот на тој фронт е далеку.
Неодамнешното тестирање на вакцина против сидата покажа ограничени резултати, но бидат потребни уште многу години пред вакцината да се појави на пазарот.
Во меѓувреме, доктор Фаучи вели дека во битката против вирусот хив и сидата има неколку стратегии. Една од нив е лекови - тропските микробициди, да се ставаат на гениталиите, типично кај жените, пред сексуален однос. Има големи традиционални пречки за овој лек, и жените кои ги употребуваат тоа го прават скришно, но доктор Фаучи вели дека ова е важен елемент во спречување на ширењето на вирусот.
Друг начин е да им се даваат лекови против сида на луѓе кои не се изложени на вирусот. Проблем со тоа е да се натераат здрави луѓе да прифатат лекови за сида како превентивна мерка.
Постои и таканаречено „волонтерско тестирање и третман“, што инволвира масовно тестирање и третман за сите кои се хив-позитивни, независно дали се болни или според бројот на крвните зрнца заболувањето претстои.
Лекарите Ентони Фаучи и Роберт Хект зборуваа за борбата против сидата на симпозиум кој го спонзорираше журналот Здравствени прашања.