Американскиот претседател Барак Обама и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи разговарале за деталите на новата армиска стратегија на Вашингтон за Авганистан во долга видео конференција.
Соопштение од канцеларијата на Карзаи вели дека разговорите од вторникот вклучиле планови за безбедносни прашања, армиско распоредување, политички напредок и економски развој. Обама ќе ја објави авганистанската стратегија во обраќање на националната телевизија во вторник навечер.
Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, во понеделникот кажа дека Обама го информирал својот тим за национална безбедност за неговата одлука и издал наредби за нејзина имплементација. Претседателот се очекува да испрати околу 30,000 дополнителни американски трупи во Авганистан.
Гибс кажа дека Обама на ситуација гледа како на „заеднички меѓународен предизвик" и дека е во блиски консултации со сојузниците. Портпаролот повеќе пати повтори дека американската армиска инволвираност во Авганистан не е бесконечна.