Линкови за пристапност

Американскиот сенат ја започнува дебатата за здравството


Американскиот сенат во понеделник започна со расправа по реформата на здравствена заштита, нешто повеќе од една недела откако демократските сенатори се обединија за да ја истуркаат легислативата преку клучна процедурална пречка.

Законодавците сега започнуваат тешка дебата. Во ретка саботна сесија, сенатот гласаше 60 спрема 39,на 21 ноември, да започне расправа по предлог законот изработен главно од демократи, но опониран од републиканци.

Сите 58 сенатски демократи и двајца независни сенатори гласаа документот да оди понатаму. Еден републикански сенатор не беше присутен на гласањето.

Легислативата има за цел да ја прошири здравствената заштита на милиони неосигуранилица, да ги спречи осигурителните компании да одбиваат да дадат бенефиции и да го ограничи порастот на трошоците за медицинска грижа.

Иако мнозинството демократи успејаа да изгласаат почеток на расправата, усвојувањето на законот во сенатот не е сигурно.

XS
SM
MD
LG