Линкови за пристапност

Обама ја искомуницирал конечната авганистанска стратегија


Белата куќа вели дека претседателот Барак Обама ја искомуницирал својата стратегија за Авганистан на своите најблиски соработници и команданти и дал наредби таа да биде имплементирана.

Претседателот Обама утре вечер ќе ја објави стратегијата на националната телевизија. Се очекува да испрати околу 30,000 дополнителни американски трупи да се борат во Авганистан.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс во понеделникот кажа дека Обама на ситуацијата гледа како на „заеднички меѓународен предизвик" и дека е во блиска консултација со сојузниците. (вклучувајќи ги францускиот претседател Николас Саркози, австралискиот премиер Кевин Руд, рускиот претседател Дмитри Медведев, и британскиот премиер Гордон Браун. Обама исто така ќе зборува и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и со пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари пред говорот).

Гибс рече дека претседателот Обама во вторник ќе зборува за роковите што ќе треба Авганистан да ги испочитува и за подобрување на соработката со Пакистан за искоренување на екстремизмот. Претседателот се очекува да ги набележи ограничувањата на американските ресурси и да каже дека американската инволвираност во Авганистан не е бесконечна и дека целта е да се обучат авганистанските сили самите да можат да ја обезбедуваат својата земја.

Гибс рече дека претседателот ја изнел конечната стратегија на средби во неделата со врвни американски официјални лица – Државната секретарка Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Роберт Гејтс и командантот на Здружениот генералштаб, адмиралот Мајкл Мулен. Тој кажа дека претседателот бил на видео врска со главните НАТО и американски команданти во Авганистан, генералот Стенли МекКристол и американскиот амбасадор во Авганистан, Карл Еикенбери.

XS
SM
MD
LG