Линкови за пристапност

Владата во Дубаи не дава гаранции за долгот на инвестициската фирма


Висок официјален финансиски претставник во Дубаи рече дека владата на Обединетите Арапски Емирати нема да даде гаранција за големиот долг на конгломератот во државна сопственост - Дубаи Ворлд.

Берзите во Дубаи и во други делови од Обединетите Арапски Емирати забележаа пад во понеделник додека инвеститорите се загрижени за способноста на Дубаи да ги плати долгот од 59 милијарди долари.

Берзата во Дубаи падна за 7,3 проценти, додека тргувањето во Абу Даби се намали 8, 3 проценти.

Генералниот директор на Одделот за финансии на Дубаи, Абдулраман ал-Салех, вели дека и позајмувачите носат одредена одговорноста за актуелната криза.

Тој рече дека тие позајмиле пари според своја проценка, а не заради владините гаранции.

Официјален претставник рече дека додека Дубаи е сопственик на Дубаи Ворлд, но сепак конглометарот функционира како да е независен, а не како зад него да стојат гаранции од владата.

XS
SM
MD
LG