Опозициската партија во Грција Нова Демократија го избра поранешниот партиски бунтовник за нов лидер.
Прелиминарните резултати покажаа дека 50 проценти од гласачите на конзервативната партија го избраа Антонис Самарас на националните избори во неделата. Тој ја порази Дора Бакојани, ќерка на поранешниот премиер Константин Мицотакис, која освои 40 отсто од гласовите. Третиот кандидат доби 10 проценти.
Самарас беше министер за надворешни работи во раните 1990-ти, но подоцна формираше конзервативна партија која се отцепи што донесе паѓање на конзервативната владата на Мицотакис. Тој ја распушти неговата партија и се врати во Нова Демократија во 2004-та.
Официјални лица ќе објават конечни резултати до крајот на денот во понеделник.
Нова Демократија на чело со премиерот Костас Караманлис владееше со Грција од 2004-та до октомври годинава. Партијата загуби на изборите поради фрустрацијата на гласачите од економските тешкотии и политичката корупција во земјата.