Линкови за пристапност

Сомалиските пирати грабнаа танкер со грчко знаме


Сомалиските пирати грабнаа танкер со 28 членови на екипажот. Бродот „Маран Центаурус“ пловел под грчко знаме и е грабнат во неделата во Индискиот океан, североисточно од Сејшелските острови.

Танкерот пренесувал повеќе од два милиони барели нафта и пловел на релација Кувајт – САД.

Силите на ЕУ против пиратството соопштија дека екипажот го сочинуваат еден Романец, двајца Украинци, деветмина Грци и 16 Филипинци.

Ендрју Мвангура од Програма за поддршка на источно- африканските морепловци со седиште во Кенија, рече дека ова за пиратите е како да добиле лото зашто танкерот полн со нафта вреди милиони долари.

Исто така тој претставува голема закана за безбедноста и закана за животната средина.

XS
SM
MD
LG