Линкови за пристапност

Судење за нацистички воени злосторства во Минхен


Џон Демјанук пристигна во судот во Минхен во амбулантно возило. Тој не зборуваше на отварањето на судскиот процес поголемиот дел од времето беше со затворени очи.

Но, неговиот адвокат, Улрих Буш, ги обвини судијата и обвинителите дека се необјективни. Тој рече дека Германците кои работеле со Демјанук во концентациониот логор Собибор, во тогашната Полска, која била окупирана од нацистите, биле судени и ослободени.

И на Демјанук претходно му е судено за злосторства од нацистичката ера. Израелски суд го осуди на смртна казна во 1980-те по обвинение за бруталност во време кога бил стражар и бил познат по прекарот Иван Страшниот. Врховиот суд на Израел подоцна ја поништи пресудата по основ на погрешен идентитет.

Сега Демјанук повторно е пред суд заради обвинение дека бил обичен стражар во затворот. Ако се докаже, тој ќе биде стражар од најнизок ранг суден за воени злосторства од времето на нацистите.

Но, обвинителството го товари за соучество во убиството на скоро 28.000 Евреи од кампот Собибор. Еден од сведоците, преживеаниот Томас Блат, зборуваше со новинарите за состојбите во злогорот. Тој рече дека не го познава лично Демјанук, и дека се надева дека Демјанук ќе биде осуден доколку се докаже неговата вина, но дека не бара одмазда.

Демјанук, пак, вели дека повторно е жртва на замена со идентитет. Тој вели дека служел како војник во советската армија и самиот бил воен заробеник. Демјанук емигрирал во САД во 1952-ра и станал американски државјанин шест години подоцна. Американското државјанство сега му е одземено. Судскиот процес против него се очекува да трае до мај.

XS
SM
MD
LG