Линкови за пристапност

Некои европски берзи се опоравија по реакцијата на задолженоста на Дубаи


Некои европски пазари петокот се опоравија по големи загуби на почетокот од неделата. Азиските и американските пазари се` уште бележеа пад. Инвеститорите доживеаја потрес средата и четвртокот со барањето на Дубаи кој побара дополнителни шест месеци за отплаќање на долгот во европските банки од 60 милијарди долари.

Корејскиот берзански аналитичар Ли Кјанг-су за Гласот на Америка рече дека на пазарите владее загриженост од нова финансика криза, слична на онаа што започна во САД минатата година. Тој смета дека задолженоста на Дубаи може да предизвика ланчана реакција, со што банките двапати би размислувале дали да даваат нови заеми, а тоа да ја погоди економската обнова.

Дубаи е еден од седумте членови на Обединетите Арапски Емирати.

XS
SM
MD
LG