Линкови за пристапност

Цензура за иранските нуклеарни активности


Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) гласаше да ги цензурира иранските нуклеарни активности, во време кога расте сомневањето кај многумина во меѓународната заедница дека Иран развива атомско оружје.

Членовите на Управниот одбор на агенцијата на ОН усвоија резолуција во која бараат официјален Техеран да запре со збогатување на ураниум, како и со изградбата на неодамна откриената постројка за збогатување на ураниум, а и да потврди дека не врши тајни нуклеарни активности.

Гласањето е значајно затоа што Русија и Кина се меѓу 25-те земји од управниот одбор на ИАЕА кои ја поддржа резолуцијата. Овие две земји, за разлика од САД и европските земји долго време се двоумеа да го казнат Иран за збогатувањето на ураниум.

Иранскиот пратеник во Агенцијата, Али Асгар Солтани ја отфрли резолуцијата, оценувајќи дека ја загрозува атмосферата за продуктивни разговори.

Официјален Вашингтон реагираше на одлуката на ИАЕА со коментар дека таа демонстрира “решеност и единство“ на меѓународната заедница за иранската нуклеарна програма. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс кажа и дека мерката го чини Иран одговорен согласно правилата на ИАЕА и Советот за безбедност на ОН.

XS
SM
MD
LG