Линкови за пристапност

Непоканета двојка на вечера во Белата куќа


Американската тајна служба врши истрага како непоканета двојка од сојузната држава Вирџинија успеала да влезе на државната вечера во Белата куќа во чест на индискиот премиер Манмохан Синг.

Вашингтон пост пишува дека Микаеле и Тарик Салихи подоцна објавиле фотографии од вечерата на нивната страница на Фејсбук, на кои се заедно со потпретседателот Џо Бајден, шефот на Кабинетот на Белата куќа Рам Емануел и други гости.

Портпарол на Тајната служба рече дека непоканетите гости минале низ истата безбедносна процедура за оружје како и другите гости и дека не претставувале закана за настанот, но дека на контролниот пункт не биле спроведена и соодветната процедура да се провери дали тие биле на листата на гости.

XS
SM
MD
LG