Линкови за пристапност

Кина постави цел за намалување на јаглерод-диоксидот во атмосферата


Кина си зададе цел да го намали испуштањето на јаглерод-диоксид во атмосферата, еден ден откако САД дадоа слична заложба воочи климатскиот самит на ОН во Данска. Кина ќе го намали нивото од 2005-та за 40 до 45 проценти до 2020-та.

Кинескиот државен совет ја опиша целта како доброволен потег што ќе има „голем придонес“ во глобалните напори за справување со климатските промени. Претходно во четвртокот, Кина објави дека премиерот Вен Џиабао ќе присуствува на самитот за климатски промени наредниот месец во Копенхаген.

Вчера, американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе учествува на средбата и дека САД ќе ја намалат емисијата на јаглерод-диоксид од 2005-та за 17 проценти до 2020-та.

XS
SM
MD
LG