Линкови за пристапност

Елбарадеи:  Преговорите со Иран во ќорсокак 


Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН вели дека неговата истрага дали Иран се обидел да произведе нуклеарно оружје западнала во ќорсокак, бидејќи официјален Техеран не соработува.

Мохамед Елбарадеи изјави и дека е разочаран што Иран не се согласи на предлогот поддржан од ОН за испраќање на ураниум од Иран во странство, на меѓународно контролиран нуклеарен процес на негово збогатување. Тој го повика Иран да ја искористи приликата.

И Русија го повика Иран да ја прифати понудата. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков упати ваков повик на средбата со иранскиот амбасадор во Русија Сајед Махмуд Реза Саџади.


Планот предвидува70 проценти од иранскиот ураниум да биде испратен во Русија и Франција, каде би се збогатувал и претворал во прачки нуклеарно гориво, а потоа би бил вратен во Иран за употреба во медицински истражувачки реактори.

XS
SM
MD
LG