Линкови за пристапност

ЕП усвои Стратегија за проширување со Западниот Балкан


Европскиот парлемент на пленарна седница во четвртокот ја усвои Стратегијата за проширување на ЕУ кон земјите од Западниот Балкан.

Документот усвоен во ЕП му препорачува на Советот на министрите на ЕУ на седницата на 7-ми декември да даде зелено светло за Македонија за почеток на преговори.

Резолуцијата на ЕП оваа препорака упатена до Советот на министрите не ја условува со решавање на спорот за името, но сепак Парламентот во документот упатува порака и до Грција, и до Македонија, да вложат напори што поскоро да дојдат до обострано прифатливо решение.

Во делот за Македонија во резолуцијата се поздравува неодамнешното воспоставување дипломатски односи со Косово, како и склучувањето на договорот за физичка демаркација на границата, со оценка дека тоа позитивно ќе влијае на регионалната стабилност. На Македонија и се упатуваат честитки за прогресот што е постигнат во последните месеци, а е потврден и од Европската комисија која препорача отворање на пристапните преговори со ЕУ.
Воедно, во документот се повикуваат властите во Македонија да продолжат со реформските процеси, особено во јавната администрација и правосудството, борбата против корупцијата, женските права и меѓуетничките односи, вклучувајќи и гаранции за правата на припадниците на сите етнички заедници и зголемување на нивното учество во јавната администрација.

Евро-пратениците ја поздравија и очекуваната визна либерализација за Македонија, за Србија и за Црна Гора што треба да стартува од 19-ти декември
годинава.

По гласањето во Парлементот, пратениците од најголемата пратеничка група на Европската народна партија ја поздравија одлуката, потецирајки дека перспетивите за членство на земјите од Западниот Балкан мора да бидат јасни.

„Членството на овие земји во ЕУ откако ќе ги исполнат критериумите не е акт на милост, туку неопходност и потреба, имајки ја во предвид нивната географска позиција во средиштето на ЕУ – нивната стабилност е предуслов за стабилноста на ЕУ“, изјави претседавачката на Комитетот на ЕП за односи со земјите од Југосточна Европа, Дорис Пак.

Пак во изјавата потецира дека членството на земјите од Балакнот може да се случи само тогаш кога тие во целост ќе ги исполнат сите потребни критериуми.

Членството на овие земји не смее да се случи без испонување на сите критериуми како што, за жал, беше случајот со Бугарија и Романија - нагласи евро-пратеничката Дорис Пак.

Со резолуцијата која беше усвоена во ЕП се дава јасен сигнал за поттикнување на процесот на проширувањето на ЕУ.

XS
SM
MD
LG