Линкови за пристапност

Во САД опаѓа бројот на случаи на свински грип


Лекарите во неколку градови во САД јавуваат дека опаѓа бројот на случаи на свински грип, што можеби е знак дека минал климаксот. Па сепак, вирусот досега однесе 7.000 човечки животи и американски здравствени лица велат дека можеби претстои нов бран на зараза во земјата.

Кога заразата беше во полн ек, Детскиот медицински центар Дел во Тексас мораше да подигне шатор за пациенти. Два месеца подоцна, шаторот го нема, а нема ни толку многу болни.

“Во одреден момент 70 проценти од пациентите имаа позитивни резултати за свински грип, а сега под 10“, вели д-р Пат Крокер од Центарот.

И други болници ширум САД јавуваат за опаѓање на случаите. Има и се` помалку затворени училишта.

„Тоа се случува веројатно поради имунитетот на `стадото`, така да се изразам. Вирусот така се рашири во САД, што најверојатно дури 22 милиони дојдоа во контакт со него“ коментира стручњакот за грип, д-р Паскал Императо.

Во Центарот за контрола и спречување на болести наведуваат дека тој уште е раширен и се однесува како што предвидувале.

„Засега нема промена. Не стана повирулентен, ниту се смени генетски. Се` уште сметаме дека вакцината е добар одговор“, вели д-р Ен Шукат од Центарот.

Норвешки научници, пак, тврдат дека нашле мутиран вид кај тројца пациенти, што предизвикала потешка форма на грип, но здрвствените лица не очекуват таа да се шири. Центарот за контрола и спречувањ ена болести препорачува сите кои не заболиле од грипот - да се вакцинират. Велат, иако бројот на случаи опаѓа, во одредени делови на САД се` уште заболува голем број на лица.

„Не знаеме колку ќе трае овој бран, и дали ќе има други. Знаеме дека сезоната на грип може да трае се` до мај“, вели Шукат.

Со сезоната на празници на прагот, лекарите наведуваат дека може да има нов бран бидејќи голем број луѓе ќе патуваат.

XS
SM
MD
LG